Соња Михаиловска: Лага е дека итната помош ќе се приватизира

Сподели

 

Денеска во собраниска процедура се измените на Законот за здравствена заштита.

Лага е дека брзата помош се приватизира во јавните здравствени установи. Со овој закон се овозможува граѓаните во руралните средини да имаат достапна и постојана здравствена заштита. Измените на Законот за здравствена заштита во делот со Итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на Брзата Помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи.

Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на Приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните, односно Итната помош на приватните болници, граѓаните ќе може да ја користат бесплатно, соопштуваат од СДСМ.