Од 21 до 25 август, заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе продолжи со стратешко заловување во општина Центар.
Тимот ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овој реон, а кое го нема поминато хуманиот третман.
Заловувачкиот тим ќе ги посети следниве локации: Пролет, Маџир Маало, Крњево, Центар, Ново Маало, Тасино Чешмиче, Панорама, Водно, Капиштец, Буњаковец, Дебар Маало и Градски Парк.
Доколку граѓаните од гореспоменатата општина имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите или да го донесат директно во ЈП Лајка, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk