“ЛАЈКА”: Пријави бездомно куче за згрижување

Сподели

 

Пред нас е период на студени денови со исклучително ниски температури и до -15 степени, кои се загрижувачки по здравјето и животот на бездомните кучиња. Секоја зима сме сведоци на кучиња кои се измрзнати, прегладнети, во болки и грч од студот. Појавата на хипотермија кај кучиња исто така е честа појава во зимскиот период, како последица на долгочасовна изложеност на ниски температури.

ЈП Лајка ги замолуваме сите граѓани да пријават бездомно куче на кое му треба згрижување на телефонски броеви: 02/2575-765 и 070 327 828.

“Апелираме до оние кои имаат маалски миленици: направете им привремено засолниште, отворете ги вратите од влезовите на вашиот дом, поставете топла подлога за спиење, картон, ќебенце, стара облека и оставете им сад со храна и вода. Бездомните кучиња не секогаш можат да го поднесат силниот студ, а ние ги прилагодивме нашите капацитети за нивните потреби.

Да им помогнеме сите заедно!” – ЈП Лајка.