Лајка започна со стратешко заловување во општина Ѓорче Петров

Сподели

 

Од денеска, 24 јули, заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Ѓорче Петров.

Тимот на заловувачи оваа недела (24-28 јули) ќе заловува во општина Ѓорче Петров и тоа во следните реони: Ѓорче Петров, Ѓорче 2, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука итн.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk