ЛДП подготвува измени на Законот за трговија (ВИДЕО)

Сподели

ЛДП подготвува измени на Законот за трговија, кој ќе обезбеди неделите и празниците да бидат неработни за сите вработени во трговијата на мало, како што се продавниците, дуќаните и големите трговски центри, но и за вработените во трговијата на големо, соопшти пратеничка Јулијана Николова на денешната прес-конференција.

– Нa овој начин ќе се зголеми продуктивноста на работниците, ќе се намалат  обврските и трошоците на работодавачите, но и ќе се оневозможи нелојалната конкуренција. Предлогот доаѓа од Форумот на жени на ЛДП, бидејќи морам да нагласам дека, најголем дел од вработените во трговија се жени, за кои, со оглед на семејните обврски, слободната недела и празниците се од исклучително значење – рече Николова.

Законските измени наскоро ќе ги достават во собраниска процедура и очекуваат пратениците и од власта и од опозицијата да ги поддржат.