ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ свесно нанесува штета на односите помеѓу државата и западните земји-пријатели на Македонија

Сподели

Либерално-демократската партија ја изразува својата длабока загриженост по последните соопштенија произлезени од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, со кои како што велат свесно се нанесува штета на односите помеѓу државата и западните земји-пријатели на Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ во еден ден успеа да се скара со САД, СР Германија и со ЕУ, откако без тронка срам и почит кон функцијата, безочно бараше „виновници“ за политичката криза во амбасадорите Бејли, Алтхаузер и Жбогар, пишува во соопштението на ЛДП.

– Порачуваме веднаш да престане политичкиот „лов на вештерки“ насочен кон западните земји и нивните претставници во Република Македонија и сакаме да потсетиме дека САД, Германија, заедно со членките на Европската Унија, се едни од најголемите поддржувачи на државата, од независноста до ден денес – стои во соопштението.

ЛДП ја изрази својата благодарност и безрезервна поддршка кон амбасадорите кои се најдоа на удар од доскорешната владеачка гарнитура. Порачуваат дека новата влада, од која дел ќе биде и ЛДП, посветено и уште понапорно ќе работи за остварување на Евро-атлантските интеграции, стратешките цели и определби на Република Македонија.