Лекарите едногласни: Ова е храната која предизвикува рак

Сподели

Земавте еден кекс па малку се занесовте и на крај ја изедовте цела кутија? Што ве натера да се заборавите и препуштите на слаткото задоволство. Има ли некое логично објаснување?

coo

Иако сè уште не е потврдено кои се причините за настанување на ракот, експертите веќе утврдиле која храна може да ја влоши ситуацијата, а воедно да биде и иницијалната каписла за негов развој, пишува српскиот портал Стил.

Освен преработките на храна и слични нездрави производи  кои секојдневно ги консумираме и внесуваме во нашиот организам, лекарите се согласија дека постои една намирница која повеќето од нас несвесно ја консумираат секој ден. Станува збор за високо-фруктозен пченкарен сируп, производ кој во прехранбената индустрија се користи како алтернатива за шеќерот. Се состои од гликоза, фруктоза и околу 20% вода. За разлика од шеќерот не треба претходно да се раствора, ја подобрува стабилноста на некои производи и е многу поевтин од шеќерот.

doz

Го има во голем број на производи и содржи голема количина на шеќер. Како што е познато, шеќерот е еден од главните причинители за дебелеење, а докажано е и дека особено е опасен за внатрешните органи и може да предизвика рак.

Сте посегнале по само еден кекс, а пото сте ја изеле цела кутија? Причината е во високо-фруктозен пченкарен сируп кој ве тера да јадете повеќе и повеќе шеќер и никогаш да не престанете.

prod

Производителите го користат, бидејќи тоа е многу поевтино од шеќер, а вие, ако сакате да го избегнете, не заборавајте да го прочитате декларацијата на производот кој го купувате, а и составот на храната која ја јадете.