Кино МСУ ја започнува својата летна филмска програма.
Од 21 до 24 јуни љубителите на седмата уметност ќе може да уживаат во четири извонредни филмски остварувања. Сите проекции се бесплатни и започнуваат од 20 часот, на отворено – на тремот на МСУ.
21.јуни, во 20 часот – Грете Мајер – Кралицата на данскиот дизајн / Grethe Meyer – The Queen of Danish Design
22.јуни во 20 часот – АМЕРИКАНСКА МОДЕРНА УМЕТНОСТ, ТАЈНО ОРУЖЈЕ ВО СТУДЕНТА ВОЈНА / AMERICAN MODERN ART, A SECRET WEAPON IN THE COLD WAR
23.јуни во 20 часот – Маија Исола / Maija Isola
24.јуни во 20 часот – ГРЕЈС ЏОУНС: ЛАЈТ ШОУ И ЛЕБ/GRACE JONES: BLOODLIGHT AND BAMI
Капацитетот на киното е 60 седишта и не потребно дополнително регистрирање за влез на настанот.
***
Грете Мајер – Кралицата на данскиот дизајн / Grethe Meyer – The Queen of Danish Design
Изабел Бернадет Брамер | Данска | 60 мин
Грете Мајер е една од најголемите фигури на данскиот дизајн, но можеби и една од најзапоставените. Како дизајнер, Мејер ни остави функционални дизајни за домот кои и денес се од големо значење. Овој хибриден документарец ја раскажува нејзината приказна како жена, уметник, пионер, мајка и љубовница преку интересна и ранлива нарација што ја става нејзината кариера, успех и наследство.

АМЕРИКАНСКА МОДЕРНА УМЕТНОСТ, ТАЈНО ОРУЖЈЕ ВО СТУДЕНТА ВОЈНА / AMERICAN MODERN ART, A SECRET WEAPON IN THE COLD WAR
Франсоа Леви-Куенц |52’
1945: Крајот на Втората светска војна го отстапи местото на хаосот од кој ќе произлезе нов светски поредок. Надвор од воената и економската сфера, се формираше нова војна: Америка на Труман и Ајзенхауер ја користи културата како оружје во идеолошката војна против СССР.
За да го стори тоа, ЦИА ја користи нова генерација уметници кои работат под знамето на апстрактниот експресионизам, веејќи го знамето за слободниот свет, слободата на говорот и американската економска моќ, вклучувајќи ги Мадервел, Ротко, Де Кунинг и Полок. Сите тие несвесно уживаа во поддршката на ЦИА во средината на Студената војна.
Овој филм раскажува како американската разузнавачка агенција тајно ги финансирала изложбите на овие сликари во странство. Милионерите како Нелсон Рокфелер, чија мајка е коосновач на MoMA во Њујорк, беше главен поддржувач на апстрактниот експресионизам, а многу други институции исто така одиграа своја улога.
Преку архивски снимки, овој возбудлив документарец открива како ЦИА користела антидемократски методи за да ги заштити демократските вредности на Соединетите Држави, повторувајќи го клучниот период во историјата кој долго време остана тајна.

Маија Исола
Leena Kilpeläinen | Финска, Германија | 97′
Leena Kilpeläinen | Финска, Германија | 97′
Животната филозофија на Маримеко произлезе од дизајните на ткаенината на Маија Исола, достигнувајќи архитектонски височини заедно со големите принтови на Маија. Денес, дизајните на ткаенината на Маија Исола го освоија целиот свет. Но, која беше Маија Исола? Кои беа вредностите во центарот на животот на оваа скитница и какво наследство ни остави?
***
ГРЕЈС ЏОУНС: ЛАЈТ ШОУ И ЛЕБ/GRACE JONES: BLOODLIGHT AND BAMI
Sophie Fiennes |115′
Поголема од животот, дива, морничава, андрогина или со два збора Грејс Џоунс. Но преку филмските кадри ѕиркаме зад култната маска и ја запознаваме и како љубовница, ќерка, мајка, сестра, па дури и баба. Водејќи нè на патување низ својата родна Јамајка, заедно со син ѝ Паоло и внука ѝ Шантал, филмот ни открива една досега непозната Џоунс, некој што нè потсетува каков може да биде животот кога човек ќе се осмели вистински да го живее. Се чини дека ѝ нема рамен, па сепак Грејс Џоунс е и некој со кого можеме да се поистоветиме: таа е исклучокот што го потврдува правилото.