АФЖ – Левица силно го осудува говорот на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска која на пратеничката Славјанка Петровска ѝ кажа дека нема право да зборува за семејство бидејќи нема деца!
И ова не е изолиран случај – функционерите на ДПМНЕ редовно ги напаѓаат пратеничките со брутални навреди, пцости и дискриминација. Потсетуваме на вулгарностите на Петар Ристески од ДПМНЕ кон пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.
Ова е вистинското лице на ДПМНЕ – партија која наместо да се бори со сиромаштијата и стандардот на граѓаните, се бори со жените.
АФЖ – Левица бара ИТНА осуда од Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Секој што живее и се бори со оваа економска криза има право да зборува. Власта нека се занимава со решенија, а не со навреди.
Сиромаштијата во Македонија не бира – ги погодува и младите и старите, и семејствата и оние што допрва треба да го градат својот живот. Наместо одговорност за сè потешките услови за живот, од власта добиваме мизогинија, навреди и дискриминација. Да се тврди дека некој нема право да зборува за економијата затоа што нема деца е не само понижувачки, туку и доказ дека оваа власт нема никаква врска со реалноста.
Во услови кога младите масовно ја напуштаат државата, кога платите не ја следат инфлацијата, кога станбените кредити стануваат недостижни, а создавањето семејство луксуз – власта им порачува на луѓето да молчат. Ова не е само ароганција, туку отворена демонстрација на неспособност. Наместо решенија, добиваме навреди. Наместо политика за подобрување на животот, добиваме мизогини напади.
Левица, соопштение
