Левица поднесе Пакет-Мерки за младите

Сподели

Партијата Левица во Собранието го поднесе првиот најавен ПАКЕТ-МЕРКИ од младите за младите:

-Воведување горна граница на кириите (моментално има само долна граница);

– Државна поддршка за купување на прв дом за млади, односно државна гаранција за 95% од станбените кредити (наместо сегашното барање за 15% учество за станбен кредит, тој да се намали на најмногу 5% и државата да ја гарантира отплатата на тие кредити за младите);

– Простување на дел од станбените кредити при секое раѓање или посвојување дете;

– Ваучер од 6.000 денари за неформална родителска грижа;

– Намалување на работното време на 6 часа за млади родители до шестата година на детето;

– Бесплатен јавен превоз за родители со деца до 6 години.