Советот на Општина Охрид го осудува вчерашниот инцидент меѓу советниците

Сподели

 

– “Локалната самоуправа го осудува вчерашниот инцидент меѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните.

Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на  граѓаните и решавање на нивните потреби.

Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во  иднина и ги повикуваме советниците да се однесуваат во духот на демократијата и почитување на различните мислења” – стои во соопштението на Советот на Општина Охрид, во врска со инцидентот на вчерашната седница.