ДОМ: 2019-та е во знакот на активните форми на туризам- Љупчо Јаневски

Сподели

 

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) при креирање и реализација на програмските активности цела декада се прилагодува на туристичките трендови и преференците на новите патувачи, како и на потребите и можностите на локалните туристички ентитети. Туристичката промоција на нашата земја веќе десет години е во главниот фокус, како во програмските активности, така и во акционите планови за работа. Преку институционалната соработка и координација со туристичките субјекти на регионално и локално ниво, АППТ придонесува за збогатување на туристичките содржини, а со тоа дава и можност дестинацијата да стане конкурентна на светскиот туристички пазар. Концептот вклучува промоција на одржлив туризам и безбедност на патувачите, а за таа цел се преземаат соодветни активности во насока на подобро развивање на индустријата.

Следејќи ги трендовите, нашата земја има идеални предиспозиции, можности и туристички продукти за новите генерации. Тие сакаат да се вклучат и да учествуваат во локалната култура и локалниот начин на живот. Од уживањето во локалната кујна до учество во регионалните фестивали и празници, локалните искуства се дел од врвните туристички трендови.

Ljupco Janevski Press Turizam 17.07.2019 2

Пример за популарно локално искуство во нашата земја е Галичка свада, Д фестивал во Дојран, Охридско лето, фестивалите на отворено во Крушево и Демир Капија, традиционалните манифестации во Источниот регион на Македонија, карневалите и останати традиционални манифестации. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во рамките на своите програмски активности и оваа година објави Јавен повик за доделување финансиска поддршка на културни, забавни, спортски, гастрономски и еколошки манифестации, за развивање и збогатување на туристичките настани и манифестации, како дел од нашата богата култура и традиција. Според критерумите објавени во Јавниот повик минатата година финансиска поддршка добија 25 апликанти, додека, пак, оваа година поддршка добија 35 манифестации од различни региони и општини во земјава.

Ljupco Janevski Press Turizam 17.07.2019 3

Оваа година е во знакот на активните форми на туризам, се мапираа потенцијалните точки и региони кои нудат можност за развој на авантуристичките форми на туризам и нивна одржливост со давање на поддршка во повеќе аспекти и истите ќе се лансираат како едни од најпопуларните дестинации на кои туристите ќе можат да си ги задоволат своите авантуристички апетити. Агенцијата за туризам во соработка со институциите, здруженијата и сите инволвирани и засегнати страни целосно ги реализираше проектите за Спортско качување и Алпинизам. Лансирање на најпопуларните дестинации на кои туристите ќе можат да си ги задоволат своите авантуристички апетити ќе овозможи нови, одржливи атракции и зајакнување на локалниот економски развој. Ултимативната цел на ваков тип на активности е општ пораст и развој на туризмот како индустрија во земјава и воедно пораст на една целна група на туристи –бекпекери, кои се симбол за авантура и независност. Во постапка е реализацијата на проектите за 10 најкачувани врвови во Македонија. Обележување на неколку правци на качување на Бислимска клисура –Куманово и поддршка за развој на локалитет Кукуље село Нов Истевник, Делчево.