Министерството за внатрешни работи започна со спроведувањето на мерката „Маалски полицаец“ односно активирање на позорната служба на полицијата.
Ова мерка ќе има исклучително значење во превентивното работење, зголемување на заштитата и безбедноста на граѓаните како и зајакнувањето на соработката помеѓу граѓаните и полицијата.
Со повторното активирање на полицајците позорникари ќе се зголеми безбедноста во населените места, ќе се зајакне борбата против криминалните појави во секое маало, со што ќе се зголеми и довербата во полицијата.
Маалскиот полицаец е вистински заштитник-пријател на граѓаните.
Проектот веќе се спроведува во Куманово, следува реализација во Битола и Штип, а ќе продолжи да се спроведува и во останатите градови во Република Македонија.
Во интерес на граѓаните, СДСМ преку Владата што ја предводи, останува посветена во спроведувањето на мерките што обезбедуваат слободни, професионални институции, квалитетен и безбеден живот за сите граѓани.