Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска ќе ја отвори програмата „Хоризонти“ на Венецискиот филмски фестивал.
Инспириран од животот на Мајка Тереза, филмот се натпреварува во неколку категории, а во главните улоги настапуваат: Номи Рапас, Никола Ристановски и Силвија Фокс.
Ова е трето учество на Митевска во Венеција, а „Мајка“ е копродукција на шест земји, поддржана од повеќе европски и национални филмски фондови.
извор/фото Министерство за култура
