Советот за надворешни работи на Европската Унија на 20 јуни во Луксембург закажа седница на која ќе расправа за состојбата во Македонија.
Расправата за Македонија е ставена на дневниот ред на седницата како главна точка.
Министрите за надворешни работи на земјите членки ќе расправаат за Македонија по предлог на Сојузна Република Германија и на Велика Британија и треба да дадат препорака во вид на заклучок за ситуацијата во Македонија.
За воведување санкции за Македонија поради политичката криза, треба едногласна согласност да дадат сите земји членки на ЕУ.
Освен за Македонија, министрите за надворешни работи ќе дискутираат за мировниот процес на Блискиот Исток, состојбата во Сахел, интегрираната политика за Арктикот и за тренинг-мисијата за безбедносните сили во Либија.