Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО – Ерол РИЗАОВ

Сподели

 

Ерол Ризаов

Овој пат можеме да бидеме оправдано лути и на Франција, и на Европа, и на сиот свет, но најмногу на себеси за големите промашувања, погрешни политики и криминали во целиот период на независноста. Речиси цели 30 години во сите документи и декларации, развојни планови за изградба на демократски и правен општествено-политички и економски поредок и во сите области практично е озаконета европската иднина на земјата, но реализацијата на тие планови и проекти не е остварена од политичките елити најчесто попречувани од битките за власт и примитивниот популизам помогнат од квази-интелектуалци.

***

Она што е неопходно да се осознае и во Македонија е да се применува и во практиката консензусот дека огромното мнозинство во земјата се за членство во ЕУ и во НАТО и тоа да се одработи како што приликува на одговорни политичари кои повеќе врескаат за избори и за освојување на власта отколку за интересите на државата. Додека е така, и да се веќе почнати преговорите, тешко ќе се стаса до целта. Треба да се отворат сите 35 поглавја на Брисел, без разлика кога ќе почнат официјално преговорите. Нашиот датум сами го одредуваме за влез во ЕУ. Тоа е оној ден кога ќе ги затвориме поглавјата. На сите земји, исклучувајќи ја Турција од познати причини, им требаше од шест до осум години да ги исполнат обврските од домашните задачи, а некои добија и преодни оценки со протекција.
За Македонија ќе нема протекција, но ако има политичка стабилност во земјата и жестока неселективна пресметка со криминалот и корупцијата и според проценките на стручни луѓе Македонија за 10 години може да ги заврши успешно преговорите со исполнување на сите обврски. Ако тоа се направи тогаш, бидете убедени дека на граѓаните ќе им биде сеедно дали и официјално и формално ќе станеме членка на ЕУ бидејќи тогаш веќе ќе имаме пристојна држава со квалитетен живот на граѓаните.

Колумната на Ерол Ризаов во целост, прочитајте ја на следниот линк