Македонија не е веќе заробена туку слободна и правна држава, законите важат за сите подеднакво

Сподели

Врв на лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на криминал, корупција и неспособност да зборува за заробена држава, кога токму за време на нивното владеење Македонија беше категоризирана како заробена држава.

Тоа беше времето кога оф шор шемите на братучедите се стремеа целото стопанство да го претворат во семеен бизнис на фамилијата.

Граѓаните ја ослободија заробената држава. Денеска Македонија е слободна, демократска, напредна и правна држава. Следува одговороност за целокупниот криминал во изминатите 11 години.

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев им служи на граѓаните, одговорно и транспарентно се однесува пред нив, пред законите и државата.

Се што поседува претседателот на СДСМ е прикажаано во пријавениот имотенлист јавно објавен и достапен за јавноста.

Како што и јавноста е повеќепати информирана ова се однесува и за вицепремиерот Кочо Анѓушев кој транспарентно го објави имотниот лист и јавно се обврза дека ќе ги внесе сите евентуални промени во законски предвидениот рок.

ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере дека законите важат за сите подеднакво.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да им понуди ништо на граѓаните освенизмислиците и лажните вести кои остануваат единствен начин на делување на опозициската партија која не покажува капацитет да ги надмине поразените политики на пропаганда и манипулација.