ДОМ на АРМ, 2.фебруари
Македонската филхармонија на 2 февруари во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт „Поезија и драма“, кој ќе биде посветен на прерано починатиот, еден од најистакнатите македонски музички уметници, диригентот Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017).
Под диригентската палка на маестро Емил Табаков од Бугарија, оркестарот ќе ги изведе Увертирата од операта „Танхојзер“ и Прелудиум и смрт од „Тристан и Изолда“ од германскиот композитор Рихард Вагнер.
Солист на концертот ќе биде еден од најистакнатите млади македонски пијанисти Дино Имери, кој ќе ги изведе познатите „Фантазија на унгарски фолклорни теми“ и „Танц на смртта“, од унгарскиот пијанист и композитор Франц Лист.