РААТ, Македонска филхармонија, 1 декември со почеток од 20 часот
ЕЛЕКТРО АКУСТИЧНА ЃУРУЛТИЈА, ДИРИГЕНТ: ЏИЈАН ЕМИН
ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА: ЕМИЛ ПЕТРОВ
“Раат” е мултимедијална приказна раскажана преку автентичен третман на звукот обликуван во препознатливиот авторски стил на композиторот Џијан Емин.
Најубавите работи во животот, љубовта, среќата, мирот, разумот, небото, морето, реките, планините, …се бесплатни и не можат да се купат. Една од тие убави и важни работи е и раатот кој може да го создадеме исклучиво само ние самите. Раатот не можеш да го купиш, ниту да го излажеш или измамиш, не можеш да го предвидиш, можеш да флертуваш со него, но најдобро е да му се препуштиш потполно. Раатот ќе ти даде сила и љубов кога мислиш дека најмалку ја имаш. Ќе ти даде разум кога најмногу ти треба. Ќе ги намести срцето и душата на своите места.
Сите си имаме свој раат, на различни места и во различни нешта, но чувството е исто….раат.