Македонската Е-спорт репрезентација на Светско првенство

Сподели

 

На 31.октомври започнува Светското првенство во е-спорт на кое ќе се натпреварува и македонската репрезентација, заедно со 60 други држави. Минатата недела се одигра првиот квалификациски турнир во Текен, во организација на Македонската Е-спорт Федерација.

„Поради состојбата со ковид-19, турнирот беше лимитиран на 16 учесници и без посетители. Стефан Глигоров од Скопје беше победник на натпреварите, кои се одржаа во два дена и кои постојано беа пренесувани во живо на месф_тв каналот на твич. Во Еспорт клубот Арена, специјални гости биле тренерите од Крапап Крав Мага, позната Израелска боречка вештина. Нашите дигитални борачи во живо се запознаа со некои од основните техники на оваа вештина, како дел од активностите на МЕСФ за промоција на одговорен и здрав гејминг“ информираат од македонската репрезентација.

Нашата Е-спорт репрезентација сега е комплетна и ќе се натпреварува во Dota2, Tekken и ProEvolution Soccer.