Од 16 до 31 март во Софија ќе се одржи Меѓународниот филмски фестивал „Софија филм фест 2023“ под мотото „Поврзете се повторно“.
Како што информираат од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, во рамките на програмата на годинашниот „Софија филм фест“ ќе бидат прикажани и филмовите: „Пред дождот“, „Прашина“, „Бикини мун“, „Мајки“, „Сенки“, „Врба“ и „Кајмак“ на филмскиот режисер Милчо Манчевски, како и филмот „Најсреќниот човек на светот“ на филмската режисерка Теона Митевска.
Меѓународниот филмски фестивал во Софија е најголем филмски фестивал во Бугарија на кој ќе бидат прикажани најдобрите филмови од светската современа кинематографија.