Македонски филмови во Кинотека “КОБРА” и “НЕЗАБОРАВНА ПРОЛЕТ ВО ЗАБОРАВЕНО СЕЛО”

Сподели

 

Денес на програмата на Кинотека:

КОБРА, (Cobra), Документарен филм, Македонија, 3.февруари, 18 часот.

2018, 55 мин., колор, ДЦП

Режија: Игор Иванов (Igor Ivanov)

Сценарио: Сашко Насев, Игор Иванов, Томи Салковски (Sashko Nacev, Igor Ivanov, Tomi Salkovski)

КОБРА е документарен филм за Шабан Трстена, борач во дисциплината слободен стил, единствениот македонски спортист носител на олимписко злато. Животна сторија за излегувањето од калта и искачувањето до врвот, за планетарниот подем и падот, приказна чии крај е мошне неизвесен…

 

 

По монографијата „Патот на олимпискиот шампион“, освојувачот на златниот медал од Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година Шабан Трстена е овековечен и во докоментарен филм под режисерката палка на Игор Иванов – Изи. КОБРА ни го прикажува животниот и спортски пат на детето од скопски Чаир кое ќе ги покори боречките арени низ целиот свет. За возврат од државата нема да добие ништо, но ќе има сè – пријателите и обожавателите се неговото најголемо богатство.

За патот на Шабан Трстена до олимписките висови во филмот КОБРА говорат и сведочат Зоран Михајлов, спортски коментатор и боречки експерт, Насе Насев, поранешен селектор на боречката репрезентација, Ајруш Синани, тренер, Милош Вучидолов, доктор, Васил Тупурковски, поранешен претседател на Македонскиот Олимписки комитет (МОК), Зоран Шоров, борач од Македонија, Ванчо Чифлиганец, поранешен претседател на Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Назми Али – Боречки клуб „Тефејуз“, Анатолиј Белоглазов, борач од Русија, Ахмет Ак, борач од Турција, Ферид Мухиќ, филозоф и универзитетски професор, Агим Касаполи и Антон Серечи, спортски новинари, како и членови на семејството Трстена.

Возрасна категорија: 12 години,Влезница: 100 денари

 

НЕЗАБОРАВНА ПРОЛЕТ ВО ЗАБОРАВЕНО СЕЛО, Игран филм, Македонија/Косово/Албанија, 3. февруари, 20 часот

2019, 110 мин., колор, ДЦП

Режија: Куштрим Бектеши

Сценарио: Куштрим Бектеши

Улоги: Осман Ахмети, Адем Карага, Амернис Нокшиќи Јовановска, Флора Кадриу, Блерим Дардишта

Спокојниот и нормалниот живот на едно „заборавено“ село го нарушува носењето на три проститутки во илегалната кафана на браќата макроа Џинго и Мурсел. Одзивот за пристигнувањето на проститутките веднаш наоѓа на голем интерес кај мажите. Тие со сета нивна сиромаштија ги остават и последните пари на пиење и сексуален однос со проститутките. Во кафаната веднаш се истакнуваат и најголемите „мангуп“ и излегува на видело и љубомората помеѓу нив. Кицо не може никако да го трпи самобендисаниот Ѕајо, нивната постојана вербална провокација завршува со остра физичка пресметка, но подоцна секој со секого се смирува и пак кафаната продолжува со работа. Меѓу редовните клиенти во кафаната се истакнува и невработениот Џаро кој со неговата скоро бремена жена Хана имаат три мали деца. Кафаната станува атрактивно место и за децата од селото кои секоја ноќ скришно следат што се случува надвор и внатре во кафеанта.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари