Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули денеска на прес-конференција информираше за Планот за чист воздух.
– „Во согласност со еден од своите врвни програмски приоритети „Планот за борба против аерозагадувањето“, Владата на неколку од последните седници донесе низа мерки и дополнувања за поефикасни резултати во справувањето со ова прашање. На вчерашната 153-та седница на Владата, се донесе Одлука за пренамена на средствата од Планот за чист воздух со цел да се замени системот на затоплување во болницата во Струмица од нафта на гас. Со тоа, се дозаокружи имплементацијата на првиот План за чист воздух во вредност од 2 милиони евра. Дозволете да ви презентирам уште неколку одлуки опфатени со овој План, изјави Макрадули.
План за чист воздух се имплементира, обезбедивме средства за еколошки ефикасно и штедливо греење на домаќинствата.
https://www.facebook.com/VladaMK/videos/2320726778144858/
За замена на опрема на нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти, се прифатија апликациите на СИТЕ 19 општини кои аплицираа, без разлика дали има мерна станица или не;
1 Прилеп 6,861,358
2 Куманово 5,435,568
3 Тетово 5,252,369
4 Кавадарци 5,195,420
5 Битола. 5,054,762
6 Струмица 4,896,265
7 Карпош 4,358,334
8 Центар 4,000,172
9 Бутел 3,639,950
10 Аеродром 3,430,679
11 Чаир 3,356,576
12 Кисела Вода 3,129,465
13 Ѓорче Петров 2,322,570
14 Сарај 1,780,522
15 Виница 1,550,667
16 Могила 1,487,542
17 Свети Николе 1,039,496
18 Петровец 896,779
19 Карбинци 311,506
Вкупен буџет. 64,000,000
• Во 16 општини ќе бидат поддржани проекти за енергетската ефикасност
1 Прилеп 2,587,966
2 Велес 2,239,108
3 Струмица 2,187,608
4 Карпош 2,117,733
5 Берово 1,911,213
6 Битола 1,807,694
7 Кавадарци 1,804,589
8 Боговиње 1,803,553
9 Охрид 1,685,283
10 Бутел 1,584,094
11 Дебар 1,374,728
12 Виница 1,323,486
13 Ѓорче Петров 1,055,890
14 Шуто Оризари 974,110
15 Гази Баба 940,467
16 Свети Николе 602,478
Вкупен буџет 26,000,000
• Во 8 општини, вклучително и Градот Скопје се определени средства за нови површини со урбано зеленило
Град Скопје 2,759,952
Бутел 1,435,844
Кисела Вода 1,418,509
Гази Баба 1,397,372
Центар 1,366,529
Аеродром 1,093,719
Карпош 1,049,283
Шуто Оризари 536,453
Ѓорче Петров 442,338
Вкупен Буџет 11,500,000
“Сакам да потенцирам дека греењето со инвертер клими е еден од најеколошките начини на греење и, согласно сегашните цени, и најекономично. Освен тоа, покрај загревањето во зимскиот период, инвертер климите во летните месеци ќе ги ладат домовите на граѓаните. Затоа верувам дека многу граѓани ќе ја искористат оваа можност, а ние ќе ги увериме дека тоа е постапка која ќе им донесе ним заштеда и ефикасно решение за затоплување и ладење на нивните домови. Ова се само дел од активности за намалување на аерозагадувањето кои се комплементарни на низа акции во градот Скопје и другите општини, за кои имаме проекции дека ќе учествуваат во сериозно намалување на степенот на загаденоста на воздухот”, вели Макрадули