Денеска во 20.30 часот на „Фејсбук“ страницата „План за чист воздух“, граѓаните ќе можат да му поставуваат прашања од доменот на борбата против загадувањето на воздухот на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули и тој ќе одговара на нив во живо. Прашањата, исто така, ќе можат да бидат поставувани и преку „Твитер“, со користење на хаштагот #ЗаЧистВоздух.
Оваа информација e објавена и на „Фејсбук“ страницата „План за чист воздух“, кој како програма на Владата за намалување на аерозагадувањето, неодамна претставен на јавноста и чијшто координатор е токму Макрадули. Веднаш откако беше објавено дека ќе има дијалог со вториот човек од ресорното министерство за екологија, почнаа да пристигнуваат прашања од граѓаните.