Макрон и Ле Пен на ТВ дебата со меѓусебни напади и навреди

Сподели

Кандидатите за претседател на Франција, Емануел Макрон и Марин Ле Пен синоќа го имаа последното телевизиско соочување пред неделните избори, кое мина во доста жестока дебата со досега невидено вербално насилство и меѓусебни груби напади од стартот, што сепак овозможи да се кристализираат нивните позиции, посебно околу еврото, јави допсиникот на МИА од Париз.

Ле Пен во своите настапи се фокусираше на напади кон својот противник, наместо да ги објаснува своите програмски предлози, додека Макрон на стартот покажа поголема воздржаност, но потоа се препушти на „играта на навреди“.

Според аналитичарите, од 1974 година, кога беше одржана првата телевизиска дебата меѓу двата круга од претседателските избори во Франција, досега ниту едно соочување не со била толку навреди како ова.

Расправиите започнаа околу економијата и невработеноста, што и даде можност на Ле Пен да укаже на одговорноста на Макрон за овие прашања, како поранешен министер во Владата на актуелнито претседател Франсоа Оланд. Ословивајќи го со „господинот министер за економија“, Ле Пен го обвини Макрон дека им овозможил повластена позиција на големите корпорации и дека не направил ишто за малите и претпријатија.

Таа нагласи дека Макрон е „кандидат на дивата глобализација, убер-изацијата, несигурноста, социјалната бруталност, на војната на сите против сите, економскиот пустош и растурањето на Франција…, раководени од страна на Оланд“.

– Вие покажавте дека не сте кандидат на интуитивен ум, на волјата на избалансирана и отворена демократска дебата. Ви благодарам за оваа прекрасна демонстрација г-ѓо Ле Пен, не очекував ништо друго, одговори Макрон на обвинувањата, пред да ги претстави своите предлози за намалување на невработеноста и за придонесите за здравствено осигурување. Тој, при тоа, во неколку наврати, ја критикуваше Ле Пен дека „не нуди ништо“.

Ле Пен од своја страна ги претстави своите фискални и економски предлози. – Имам мерки за да им ги вратам парите на Французите со 10 отсто намалување на трите стапки за оданочување…, преку ослободување од данок за прекувремена работа, намалување на цената на гасот и електричната енергија за пет отсто…,, како и зголемување на малите пензии кои ги сечете г-дин Макрон. Јас сум кандидат на куповната моќ, вие сте кандидат на власта на купување, бидејќи во вашето општество се е на продажба и купување. Кај мене, се не е на продажба и се не е за купување. Франција е многу повеќе од тоа, рече Ле Пен.

Макрон возврати дека ги смета Французите за возрасни за да сфатат дека не ги лаже. – Вие нудите подароци со намалување на даноците, кои не ги финансирате. Или ги зголемувате даноците или долгот, што ќе го платат нашите деца, рече Макрон.

Кандидатката на Националниот фронт вети протерување странците кои претставуваат опасноста за државата, одземање на државјанствата на криминалците, затворање на салафистичките џамии и протерување на „проповедниците на омраза“. – Ние мора да создадеме 40.000 нови места во затворите и да ги протераме странски затвореници кои ќе ја издржуваат нивната казна во земјата на потекло, рече Ле Пен.

Макрон од своја страна рече дека е за „хируршки, а не за општи мерки“ во врска со ова прашање, по кое покажа помала жестокост, по што Ле Пен го обвини дека нема план за борба против тероризмот и дека е „безгрижен во врска со исламскиот фундаментализам“.

Една од темите на дебатата беше и предлогот на Ле Пен за „двојна валута“, при што таа не беше доволно убедлива и се најде во тешкотија за да ја објасни својата идеја: – Еврото како заедничка валута ќе биде олеснување меѓу државите. Но, Французите ќе имаат своја валута во своите паричници, валута која ќе има соодветен степен на прилгоденост на нашата економија и ќе тргне да го освоијува светот, рече Ле Пен.

– Едно претпријатие не може да плаќа неговите вработени и во евра и во франци. Тоа не личи на ништо. Вие предлагате да се откажеме од еврото. Јас велам дека тоа е смртоносен и опасен проект. Мојата визија е да се изгради силно евро и силна европска политика во која ние ќе ги браниме интересите на Франција, порача Maкрон.

Ле Пен се осврна и на прашањето со имотната состохба на Макрон. – Никој не ги разбра вашите оправдувања за вашиот имот. Се надевам дека нема да дознаеме дека имате офшор сметка на Бахамите. Франција, која ја браните не е Франција. Таа е пазарна сала. Вие сте кандидат на затворањата. На затворањата на фабрики, породилишта, изјави Ле Пен.

Maкрон одгооври дека Ле Пен говори лаги за неговата програма без да каже што таа предвидува за Франција. – Не го сакам тоа за нашата земја. Франција вреди повеќе од тоа. Ние сме земја која беше светлината на светот, а не на темнината, рече Макрон, на што Ле Пен се надоврза со зборовите „со Франсоа Оланд“.