Максим Димитериевски е кандидатот за претседател на Македонија на Движењето „ЗНАМ – за наша Македонија“ на претстојните претседателски избори, соопшти портпаролот на партијата, Никола Мемов, на денешната прес-конференција.
Граѓанското движење прерасна во нова политичка сила во Македонија
На 9 Октомври 2023 година, во Скопје, водени од лошата политичка, економска и социјална криза во која е доведена наша Македонија, претседатели на 10 граѓански здруженија се одважија и заедно со граѓаните на Македонија и идејниот творец на граѓанскиот концепт и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски потпишаа иницијативата за формирање на нов политички субјект, “Движење ЗНАМ – За наша Македонија”. Со тоа, граѓанското движење прерасна во нов политички субјект со реален граѓански концепт во своите фундаментални вредности.
Програмските цели на партијата се:
- Изградба на независна, самостојна, демократска и граѓанска држава;
- Уживање и почитување на човековите права и слободи, без оглед навера, раса, етничка припадност, род, сексуална ориентација, политичко убедување и социјален статус;
- Заштита на достоинството и историското и културно наследство на македонскиот народ;
- Почитување на правата на етничките заедници;
- Владеење на правото како темелен принцип на политичкиот систем;
- Менување на постоечката состојба во државата и посветена борба против непотизмот, корупцијата и организираниот криминал;
- Темелни реформи за независен, непристрасен и ефикасен правосуден систем;
- Напредуање и јакнење на демократскиот капацитет на институциите;
- Рационализација и јакнење на демократскиот капацитет и
ефикасноста на институциите; - Заштита и гарантирање на личната сопственост;
- Развој на слободен пазар и поттикнување на претприемаштвото;
- Заложби за слободата на говор и слободни, независни медиуми;
- Социјално праведна и одговорна држава;
- Афирмација на родовата еднаквост;
- Развој на културата, образованието, науката и спортот;
- Посебна заштита на децата и семејни вредности;
- Децентрализација на државата и јакнење на локалната самоуправа;
- Заштита и зачувување на животната средина;
- Зачленување на државата во Европската унија иградење на пријателство и негување на добрососедски односи.
Програмските цели на партијата сеопфатно и детално се разработуваат во Програмата на партијата.