Малиот борец Едон си замина дома pо 77 дена на ГАК

Сподели

 

Уште една убава приказна за мал и вистински борец доаѓа од Клиниката за гинекологија и акушерство.
 
По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.
 
 
Едон е роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испративме со телесна тежина од 2110 грама, објавија од Клиниката за гинекологија и акушерство.
 
“На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа. На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон.”