МАНЧЕВСКИ: Новата Влада вработила вкупно 96 лица, додека само Груевски го советувале дури 86 луѓе

Сподели

Од периодот од распишување на изборите до формирањето на новата влада биле вработени 7.708 лица во администрацијата – обвинува министерот за информатичко општество и адрминистрација, Дамјан Манчевски, кој најави дека инспектори ќе ги проверуваат овие вработувања.

Манчевски кажа дека за два месеца новата Влада вработила вкупно 96 лица, бројка која се однесува на сите институции. Една третина од нив, односно 32 се советници на министрите.