Првиот Дигитален самит на Западен Балкан завршува денеска во Скопје.
Иницијативите како Дигиталниот самит би можеле да донесат нова надеж за регионот. Идејата е да се забрза политичкиот економскиот развој преку дигитална трансформација.
„Дигитализацијата е без двоумење најголем поттик за иновација, конкурентност и раст во сите сектори“, рече во Скопје европската комесарка за дигитална економија Марија Габриел. Прв чекор на тој пат, вети Габриел, ќе биде обидот да се намалат трошоците за роаминг во регионот, по примерот на земјите од ЕУ.
Технолошката трансформација на земјите од Западен Балкан и нивна целосна дигитализација е еден од врвните приоритети на нашите влади и тоа значително ќе влиаје на зголемување на работните места, на платите во регионот, на подобрување на услугите, на индустриите, образованието и на намалување на корупцијата. Тоа се дел од пораките што ги упати македонскиот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, по заокружувањето на агендата на дводневниот Дигитален самит за Западен Балкан во Скопје.