Манчевски: Вистината е најефикасен механизам против лажните вести

Сподели

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на меѓународната конференција на тема: „Лажни вести или вистински тролови“, што денеска се одржува во Софија, Р. Бугарија имаше свое обраќање на панел сесијата со фокус на лажните вести во рамки на предизборна кампања, заедно со министерката за бугарското претседавање со Европскиот Совет, Љиљана Павлова, Џустин Фридман, од Амбасадата на САД во Бугарија, Петар Курумбашев и Андреј Новаков, од Европскиот Парламент.

Тој се осврна на изборните кампањи кои во изминатите години се водеа во Македонија.

– Бевме сведоци на дневно и активно лиферување на лажни информации преку социјалните мрежи од анонимни профили, кои имаа за цел да влијаат на излезноста на гласачите за време на референдумот. Повеќето од овие активни профили споделуваа про-руски веб-страници како поддршка за нивната кауза. Најјасната употреба на лажни вести во овој период беше сликата која се сподели на „Твитер” со наводната оставка на МНР Димитров, која за кратко време беше објавена од една угледна ТВ куќа во Македонија. Истите овие профили на неколку наврати споделуваа и слики од луѓе кои гласале на референдумот заедно со говор на омраза и закани за гласачите.

-Тоа што можам да го кажам од моето искуство е дека добрите и навремени информации се од најголемо значење во секоја модерна демократија. Од друга страна, лажни вести односно дигиталната пропаганда ги поткопува демократските процеси и силно влијае на изборите.