Маричиќ: Доаѓа време на ред, правда и вадење на предмети од фиока

Сподели

 

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на денешната прес конференција најави промена на изборниот законик и воведување на отворени кандидатски листи ако има политичка волја.

Маричиќ најави голем број реформи во правосудството, бидејќи довербата на граѓаните во судството е изгубена и таа треба да се врати кај граѓаните.

-“Судскиот совет, во согласност со новите закони, треба да направи детална проверка на предметите на судиите, особено на оние кои биле доведени до застареност преку одлагање, ретки рочишта, чување во фиока и слично – изјави министерот Маричиќ.

-Наредната пролет треба да започне ЕУ мониторинг на судските случаи од висок профил, односно околу 50 предмети годишно, кои ќе ги набљудуваат домашни и странски експерти, назначени од ЕУ и ОБСЕ. Побаравме веднаш да започне процесот за мониторинг и очекуваме враќање на кредибилитетот кај судиите, заклучи Маричиќ, најавувајќи ревизија на 5% од застарените предмети.

Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Законите се донесени, сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон. А, ние како Влада ќе бидеме партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и граѓанското општество, медиумите и групите од интерес кои сакаат да придонесат кон градење на систем на правдата кој ќе им служи на граѓаните” – додаде министерот за правда, Маричиќ.