Маричиќ – Матуела: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе дадe позитивен импулс во општеството

Сподели

 

Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба со вршителот на должноста директорка за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела, на која се разговараше ЕУ перспективите на земјата и чекорите кои се преземаат во правосудството со цел зацврстување на правната држава.

 

 

Маричиќ на средбата ги претстави новите закони кои долго време се работеа во Министерството за правда, а се во насока на реформа во правосудството. Дополнително беше објаснет процесот на дигитализација на судовите и нивното опремување со софистицирана информатичка технологија. Во однос на ЕУ интеграциите, Маричиќ кажа дека отворањето на преговорите ќе даде нов силен и позитивен импулс во општеството и додаде дека европските интеграции се високо на агендата на Владата.

На средбата се разговараше и за пописот кој во земјава се спроведува по речиси 20 години. Министерот за правда ја информираше Матуела дека теренското пребројување се одвива во најдобар ред и дека се очекува успешно да заврши. Досега се попишани над 1.100.000 граѓани.