Продолжуваат среќните приказни од нашето одделение за интензивна нега и терапија на новородени деца, објавија од Гинекологија и акушерство – Скопје.
“Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминаа дома како здрави бебиња. Родени се во 27 гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900 грама, а Марија со 940 грама.

На малите борци близначиња им посакуваме многу здравје, безгрижно детство и само радости да им носат на своите родители.”
