Масовни огласи за вработување во администрација среде политичка криза и пред избори

Сподели

Раководители, референти, помлади соработници, курири- ова се само дел од работните позиции за кои се објавени огласи во неколку општини и државни институции. Овие огласи доаѓаат на речиси еден месец пред почетокот на изборната кампања за закажаните избори на 11-ти декември. Дел од правниците во овие нови вработувања препознаваат партиски трик, пишува Фактор.

skopje dozd

„Ова е без сомнение последниот воз за партиски вработувања. Во услови на сиромаштија, во држава во која 80% од вработените примаат месечна плата која е пониска од просечната, која пак изнесува бедни 350 евра, вработувањето многу му значи на секој невработен. Поради тоа, без сомнение може да се очекува дека нововработените ќе бидат верни поддржувачи на владејачката гарнитура и дека на претсојните избори ќе гласаат за неа. Основна цел на власта во предизборието е да го зголеми, бројот на гласачи кои ќе гласаат за неа, да го зголеми нејзиното гласачко тело. Но, Буџетот не може да го издржи огромниот број на вработени во администрацијата. Еден ден ќе “пукне”“, вели универзитетскиот професор Темелко Ристески.

Според податоците од веб страната на Агенцијата за администрација, во моментов има активни огласи за вработување на државни службеници во 14 општини. Така референти, раководители, помошници на раководители, помлади соработнци и друго, се бараат во општините Тетово, Македонска каменица, Кочани, Студеничани , Струмица,Радовиш Пехчево, Карпош, Кичево, Желино, Демир Хисар, Виница, Делчево и Битола. Најмногу отворени места односно 17 позиции има во општината Тетово. Платата што се нуди во огласите за вработување во општините се движи од 14.000 до 35.000 денари во зависност од позицијата.

 Освен во општините, активни огласи за вработување има и во дел од државните институции. Така Агенцијата за воздухопловство бара вработување на двајца виши соработници за опасни материи.Понудената плата е 45.000 денари. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување има обајвено оглас за вработување на двајца јавни службеници за работно место- советник лекар специјалист. Понудената плата за овој оглас 29.530 денари.

Јавен оглас за изразување на интерес има објавено Министерството за транспорт и врски. Се бараат тројца советници за во кабинетот на министерот.

Деновиве пак завршија огласите за вработување во неколку институции. Така во Министерството за труд и социјална политика беше објавен оглас за вработување на 30 лица. Во Министерството за одбрана имаше отворено 25 работни позиции, и дополнително беше објавен оглас за вработување на посебен советник за уметнички настани. Отворени огласи за врботувања имаше и во Јавното претпријатие Водовод и канализација, Дирекцијата за заштита и спасување, АРМ каде што беа отворени за вработување 25 работни позиции. Изминатиов период државната ЕЛЕМ имаше објавено пет огласи за вработување за различни позиции. И држвната МЕПСО имаше оглас за вработување на 4 лица.

Текстот во целост прочитајте го тука