„Сите кадри кои го поддржуваат различното мислење и се дел од фракцијата беа разрешени и политички диференцирани како во 80-тите во комунистички стил, додека овие дејствија во јавноста се обидуваат да ги релативизираат со тоа дека овие позиции припаѓаат на Алијанса за Албанците, но граѓаните ги читаат овие игри, изјави Изет Меџити во интервјуто за весникот Лајм.
И изборот на новите ограноци како на пример во Чаир и Сарај, промовирајќи ги како демократски процеси, реалната цел на овие потези е да се елиминира фракцијата, но мислам дека сериозно грешат, бидејќи ако мислеа дека со смената од извршните функции ќе не ослабат, напротив само ги бетонираа нашите ставови, оние функционери кои се разрешени од ДУИ и кои служеле со години и кои придонеле за победите на ДУИ, ова разрешување од ДУИ без никаква причина само ги бетонира во нивните ставови про различното мислење, додека овие акробации секако ќе ја чинат ДУИ многу скапо.
Можам со голема одговорност да тврдам дека ДУИ влегува во анархија, тоа го докажува фактот што статутот што го донесе на последниот конгрес организациониот секретар стана „попара“, членовите од истиот статут се контрадикторни. Одговорно тврдам дека ограноците кои беа избрани во Полошкиот регион се нестатутарни, бидејќи во статутот е предвидено со 1 член 1 глас да се избира претседател на партијата, додека претседателите на ограноците, подограноците, членовите на ограноците, треба да се избираат на собрание, а тоа е утврдено и од страна на изборната комисија на партијата.
Истотака во ДУИ, според статутот, најкомпетентен за внатрепартиските избори е организациониот секретар, додека они се обидуваат да го заобиколат организациониот секретар г. Бљерим Беџети.
За ваша информација, деновиве тајно се одржа состанок на централното претседателство на партијата каде од 33 члена, далеку од медиумите, без кворум, учествуваа 7 членови на централното претседателство и 2 члена на Генералниот совет, додека ние не бевме поканети, ниту г. Беџети, ниту јас, ниту Саранда, ниту Невзат Бејта, ниту Муса Џафери, ниту Висар Ганиу.
На средбата дебатирале и размислувале што ќе прават со “Огнената група”, дали ќе не избркаат, претседателот барал мислење од присутните, а за волја на вистината мал број се спротивставиле на оваа идеја поради нашата тежина на теренот, заради гласовите, заради анкетите, но казино лобито предводено од г. Груби, кој за жал по се изгледа станал и повлијателен од г. Ахмети и ја води ДУИ кон анархија, биле децидни да не избркаат, и добро е што не е време на монизмот па да можат и да не стрелаат.
Со други зборови, побараа отстранување, исклучување, протерување по секоја цена. Во ДУИ веќе нема дебата, туку овој клан ДУИ од партија на војната ја претвори во партија на казината.
Замислете оваа влада ги зголеми платите на функционерите, во моменти кога не само невработените ја напуштаат државата, туку и вработените ја напуштаат државата, си заминуваат вработени парови затоа што ни со 2 просечни плати не можат да ја покријат потрошувачката кошница.”
Дел од интервјуто на Изет Меџити за весникот Лајм