Меџити: Обединетото Кралство ќе даде поддршка за изградба на нов Клинички центар

Сподели

 

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во рамки на работната посета на Обединетото Кралство се сретна со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на којашто беше искажана подготвеност од нивна страна за поддршка при финансирање на проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар.
 
 
 
 
На средбата, министерот Меџити ја поздрави континуираната поддршка што РС Македонија ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја.
 
Тие разговараа за имплементација и промоција на извозната стратегија во здравствениот сектор и испорака на надворешни директни инвестиции како дел од надлежностите на министерот за извоз при Обединетото Кралство.
 
Министерот за извоз, Лорд Офорд од Гарвел изрази поддршка и подготвеност за  воспоставување на соработка во сите области кои се во интерес на граѓаните на двете земји.