Меџити: Работиме на проектот централизација на Клиниката за радиологија

Сподели

 

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити за емисијата „КОД“ на телевизија Телма во врска со случајот на Клиниката за онкологија потенцираше дека нема да дозволи да се оцрни белиот мантил, а со име и презиме треба да се знае кој огрешил и за тоа да одговара.
 
„Точно се знаат прописите како работи една јавно-здравствена институција и како работи Министерството за здравство. За сѐ друго има надлежни органи, мило ми е што веќе гледаме некаков епилог на целата оваа голгота. А, јас нема да дозволам веќе да се оцрни белиот мантил. Со име и со презиме да се знае кој се огрешил и за тоа да одговара. Пред сѐ, како лекар, како министер и како човек не би сакал да верувам дека некој се осмелил да направи вакви злоупотреби. Ние како Министерство, сите служби, сите сознанија што ги имавме, навистина 24/7 сме отворени за сите истражни органи, сѐ што имаме информација да споделиме“, рече Меџити.
 
Во однос на ревизорскиот извештај за магнетна резонанца, Меџити информираше дека веднаш се преземени мерки и е постапено брзо и квалитетно. Тој изјави дека проектот за централизација на Клиниката за радиологија е во финална фаза, а целта е пациентите да добијат подобри услови за лекување и третирање.