Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити за време на официјалната посета на Тирана беше примен од градоначалникот Ерјон Велиај.
Меџити и Велиај на средбата разговарале за реализација на проекти во интерес на граѓаните на главните градови.
„Во главниот град на Албанија, во мојот втор дом, средбата со градоначалникот на Тирана, г. Ерион Велиај, тоа беше повеќе од официјален разговор; тоа беше братски момент. Средбата ги надмина административните прашања и се претвори во споделување чувства и идеи за зајакнување на врските меѓу нашите две земји, рече Меџити на средбата со градоначалникот на Тирана.
Меџити рече дека топлото гостопримство и впечатоците од страна на Велиај се доказ за длабоките и братски врски што не обединуваат, додека оваа средба ја зајакнува посветеноста за соработка и заеднички развој.
Градоначалникот на Тирана Велиај рече дека сега мора да работиме за новата генерација Албанци, за дигитална генерација која иако доаѓа од мали земји како нашата, е подготвена со своето знаење длабоко да навлезе во светот.
Секогаш сте добредојдени во Тирана, а нашата врата е секогаш отворена за нашите браќа и сестри Албанци од Северна Македонија, рече Ерјон Велиај.