Меѓу стремежите и реалноста: 20 години ЦИВИЛ

Сподели

 

Кои беа и кои се клучните предизвици? Како до повидлив и повлијателен граѓански сектор и подобри резултати во иднина? Ова се дел од темите на кои ќе говорат ветераните во граѓанскиот сектор и најистакнатите соработници на ЦИВИЛ на конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“ која е дел од активностите на организацијата по повод одбележувањето на 20 годишнината од нејзиното основање.

Настанот ќе се одржи на 29 ноември во 13 часот во Музејот на град Скопје.

Во агендата, како говорнички и говорници до сега потврдени се претседателот на државата Стево Пендаровски, Афердита Хаџијаха од ИФЕС, Фани Каранфилова Пановска од ФОСМ, Мерита Максути од Еко Герила, Савка Тодоровска од СОЖМ, Александар Кржаловски од МЦМС, Ибрахим Мехмети од Швајцарска Амбасада/СДЦ, Мирјана Најчевска, универзитетска професорка, Алберт Муслиу од АДИ, Сашо Орданоски, универзитетиски професор, Ѓунер Небиу од Антико, Мерсиха Смаиловиќ од Легис, како и Дехран Муратов и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Модераторки на настанот ќе бидат Дијана Тахири и Маја Ивановска од ЦИВИЛ, а настанот ќе се отвори со воведното обраќање на Петрит Сарачини, директор на Фестивалот на слободата 2019.

Програмата на ЦИВИЛ во наредните две недели покрај конференцијата на 29 ноември, посветена на граѓанското општество „Меѓу стремежите и реалноста“, се состои и од панел дискусија „Рампа“ по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, мултимедијален ангажиран Фестивал на слободата, на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права и низа други активности.