Меѓународните претставници во Скопје ги осудија насилните настани во Собранието

Сподели

„Најостро го осудуваме организираниот напад во Парламентот. Изразуваме сериозна загриженост за тоа што властите не успеаја да го спречат нападот и да им ја пружат потребната безбедност на членовите на Парламентот и новинарите кои што беа присутни”

По насилните настани во Собранието на Република Македонија откако парламентарното мнозинство го избра пратеникот од Демократската унија за интеграција (ДУИ), Талат Џафери за претседател на Собранието, со зедничко соопштение излегоа шефовите на делегацијата на Евопската унија, Амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ и Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во заедничкото соопштение на претставниците на меѓународните институции во Скопје, се осудуваат вчерашните насилни напади во Собранието и се изразува загриженост поради тоа што присутните пратеници и новинари не им беше пружена потребната безбедност.

„Се состанавме да дискутираме за сериозните инциденти кои се случија во Парламентот и да ја разгледаме безбедносната ситуација. Најостро го осудуваме организираниот напад во Парламентот. Изразуваме сериозна загриженост за тоа што властите не успеаја да го спречат нападот и да им ја пружат потребната безбедност на членовите на Парламентот и новинарите кои што беа присутни”, се вели во заедничкото соопштение.

Се наведува дека спомнатите институции во Скопје, се надеваат дека ќе бидат пронајдени извршителите и организаторите на насилните напади во Собранието.

„Напад на државна институција која се наоѓа во срцето на демократијата е напад на самата демократија. Се надеваме дека ќе се изврши истрага за овие злосторства на најбрз можен начин, организаторите и оние кои го извршија нападот ќе бидат донесени пред лицето на правдата и дека судовите ќе дејствуваат самостојно.Исто така очекуваме дека државните институции ќе донесат заклучок и ќе преземат соодветни мерки”, стои во соопштението.

Освен тоа, се повикуваат сите актери да се однесуваат одговнорно и да придонесат за мирен демократски процес во Македонија.

„Ги повикуваме сите граѓани да покажат воздражност, да избегнуваат провокации и да останат смирени. Насилството не е начин за одење напред на земјата и на нејзиното општество”, се истакнува во заедничкото соопштение на Делегацијата на Евопската унија, Амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ и Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.

Во хаотична атмосфера во Собранието, парламентарното мнозинство го избра пратеникот од ДУИ, Талат Џафери за претседател на Собранието. Потоа следуваа инциденти пред Собранието и внатре во Собранието, кога насилно во Собранието влегоа дел од собраните граѓани кои протестираа пред зградата на Собранието.

Министерство за внатрешни работи информираше дека безбедносната состојба во централното градско подрачје, околу и во собранието е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. Според соопштението на МВР, во вечерашните инциденти пред и во Собранието, повредени се 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници.