Британската премиерка Тереза Меј денеска во Братислава изјави дека Велика Британија со Брексит не ја напушта Европа.
– Остануваме во НАТО. Велика Британија и понатаму ќе стои до своите сојузници на источното крило на НАТО. Неодамна одобривме засилување на британската армија за источното крило и редовно ќе праќаме наши војници на вежбите во Словачка и кај другите сојузници – рече Меј на заедничката прес-конференција со словачкиот премиер Роберт Фицо.
Меј истакна дека Велика Британија по Брексит нема намера да се затвори себе си во изолација и оти се додека не излезе од Европската Унија ќе биде активен играч кој сака да учествува во европските одлуки и во потрагата по заедничко решение за мигрантската криза.