Мексико одобри Ел Чапо да биде екстрадиран во САД

Сподели

Мексиканската влада ја одобрила екстрадицијата на нарко-дилерот Хоакин Гузман Лореа, попознат како Ел Чапо на властите во САД, каде тој се бара за повеќе кривични дела, меѓу кои и за шверц и убиство.  vesti 23.05 5

Адвокатите на Гузман, пренесува „Би-би-си“, најавиле дека ќе поднесат жалба на ваквата одлука, поради што се очекува екстрадицијата да се одолговлекува со месеци.

Озлогласениот нарко-дилер беше фатен во јануари, оваа година, откако шест месеци претходно тој, преку специјално направен тунел, побегна од затвор со максимално обезбедување во Мексико.

Гузман во САД се соочува со обвиненија од седум федерални обвинители. Тој е обвинет за перење на пари, како и за поседување на дрога и оружје.