По повод јубилеите, 35 години Поетска ноќ во Велестово и 20 години Арт Поинт – Гумно, двете одделни манифестации, претставувани од Славе Ѓорѓо Димоски и Ирена Андреевска, потпишаа Меморандум за соработка.
Документот за официјализирање на досега неформалната соработка помеѓу двете организации, е потпишан во амбиентот на “Арт Поинт ‒ Гумно” во с. Слоештица, Демирхисарско.
Двете асоцијации потврдуваат согласност дека ќе продолжат да соработуваат на проекти за развој на културата, уметноста и книжевноста во руралните средини, како и дека ќе бидат поддршка за младите и за ранливите категории граѓани.
Во име на овој свечен чин, се одржа и камерно поетско читање на кое учествуваа поети од Македонија, Хрватска, Грција и Чешка.
На настанот присуствуваа и фотографите од “Либеречката школа за фотографија”, коишто се на резиденцијален престој во Слоештица.
Веле Митаноски