Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе биде во прва посета на Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако таа ја презеде функцијата пред 14 години – пренесува МИА.
-“Аушвиц е музеј, но исто така се најголеми гробишта во светот… Сеќавањето на тоа е клучот за градење на сегашноста и иднината” – изјави директорот на меморијалот Пјотр Цивински пред посетата на Меркел.
Меркел при посетата на Аушвиц ќе биде придружувана од полскиот премиер Матеуш Моравецки и преживеаните луѓе од логорот.
Меркел рече дека донацијата, од која половина е обезбедена од сојузната влада, а другата од регионалните влади, ќе го зачува Меморијалот. Во логорот живот загубија повеќе од милион луѓе. Црвената армија го ослободи логорот Аушвиц на 27 април 1945 година, а таму затекна околу 7.000 затвореници