Метју Лосон ќе биде нов британски амбасадор во земјава

Сподели

 

Британската влада  соопшти дека Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Северна Македонија. Тој ќе стапи на должност во јули годинава на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, на која ѝ истекува на мандатот.

Лосон доаѓа во Скопје откако претходно ја вршел функцијата британски амбасадор во Душанбе, Таџикистан. Во неговата професионална биографија се вклучени и должностите заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада.

 

 

Актуелната британска амбасадорка Рејчел Галовеј денеска на Твитер напиша дека Метју Лосон има длабоко искуство со работењето во регионот на Западниот Балкан.