Вечерва (петок, 12 мај 2017) во Јавна соба ќе се одржи изложбата на скици, цртежи и актови „Мигови“ на Сарита Конеска со почеток во 20 часот.
Авторката ќе се претстави преку цртежи, акварели, актови, кроки во неколку различни техники и во поголем број примероци кои датираат од 2002 година, до денес. Всушност тоа се средношколски и факултетски изработки кои досега авторката не ги претставила пред јавноста.
Изложбата е од продажен карактер со продажба на печатени копии од скиците по пристојна цена, како што вели авторот.