Судењето за предметот на СЈО „Тортура“ е одложено за 7. мај бидејќи на денешното рочиште не дојде поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет.
Судот, како што беше посочено, не добил доказ за уредна достава на поканата за Мијаков за денешното рочиште.
Адвокатот на Мијалков, Љупчо Шврговски рече дека Мијалков го сменил живеалиштето и оти сега живее под поранешниот хотел „Панорама“, но не ја знае точната адреса, но ќе ја достави во понеделник.
Обвинителите од СЈО побараа поканата на Мијалков да му се доставува во четвртоците, кога тој се пријавува во Кривичниот суд.
„Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
Во „Тортура” обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.