Мијалков осуден на 3 години, Тачи на 3 години и два месеци за „Титаник 2“

Сподели

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е осуден на 3 години затвор за примање награда за противзаконито влијание во случајот „Титаник 2“ на СЈО, кој се однесува на изборните нерегуларности во 2013 година.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи кој беше обвинет за злоупотреба на службена положба и овластување е осуден на 3 години и 2 месеци. За истото кривично дело, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими е осуден на 4 години и 6 месеци, а неговите поранешни колеги, Влатко Зајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по 3 години затвор.

Според обвинителниот акт, Мијалков го искористил своето реално влијание и телефонски побарал од Мендух Тачи да влијае врз членот од неговата политичка партија во ДИК да гласа за носење на одлука во корист на партијата ВМРО-ДПМНЕ по приговор за гласањето на избирачкото место 1727 во Струмица, со што кандидатот Васил Пишев се стекнал со противзаконито право за натамошно учество на изборите.