Мила Царовска: Враќање на парите кон граѓаните

Сподели

Од октомври, оваа година 130.000 работници ќе добијат повисока плата, а за 76 илјади Владата ќе обезбеди над 547 милиони денари поддршка.

За оваа одлука денеска информираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во отчетот за сработеното во првите 100 дена на новата Влада, најавувајќи ги измените на Законот за минималната плата од 12.000 денари.

– Како што ветивме во нашата програма, се посветивме на враќање на парите кон граѓаните, извлекување на граѓаните од сиромаштија и градење на хуман, праведен и ефикасен систем за социјална заштита, рече Царовска.

Во првите сто дена  е подготвен и таканаречениот закон за стечјаците, за решавање на деценискиот проблем на стечајните работници. Појасни дека со ова законско решение се опфатени околу 3.000 лица и дека за таа намена се издвојуваат 300 милиони денари годишно.