Mилошоски објави план за промена на името во 10 точки со илустрација

Сподели

Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи и пратеник од ВМРО – ДПМНЕ на својот фејсбук профил објави план од 10 точки за кои тврди дека е рамката и чекорите договорени од Коѕијас-Димитров, што ќе ги спроведат Ципрас и Заев за смена на уставното име на Република Македонија.

1. Дефинирање на новото име преку повратна комуникација меѓу Заев и Ципрас.

2. Потпишување на договор за промена на името во Преспа на почетокот на јуни.

3. Договорот за името оди во македонското Собрание каде треба да помине со гласање на 61 пратеник.

4. Грција испраќа писмо до НАТО за да одобри условен прием (членство само по уставни промени).

5. Грција испраќа писмо до ЕУ за поддршка за почеток на преговорите на Скопје под услов уставните промени да завршат во рок од 12 месеци.

6. На 28 јуни Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да го прими датумот за почеток на пристапни преговори

6а. На 11/12 јули Скопје ќе ја прифати официјалната покана за НАТО.

7. Во октомври ќе се одржи референдум за името со кој Заев ќе треба да покаже дека мнозинството граѓани ја прифаќаат рамката за промена на името.

8. Врз основа на очекуваната силна поддршка од СДСМ и албанските гласачи Заев ќе побара поддршка од опозицијата во Собранието и со 2/3 мнозинство да се промени Уставот за името. Доколку некои пратеници искажат противење на промена на името, СЈО и други владини институции ќе спроведат соодветен притисок.

9. Договорот за промена на името ќе дојде за гласање и пред грчкиот парламент, по што ќе почне процесот на ратификација во другите земји членки на НАТО

10. ОН, ЕУ и НАТО ќе го признаат новото име.